Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажана средбата со невладините, постои безбедносен ризик?

Откажана средбата со невладините, постои безбедносен ризик?

Делегацијата на Европската унија во Скопје  ја откажа средбата со невладините организации закажана за денеска.

Средбата требаше да биде дел од консултациите за излез од политичката криза. Невладините организации пред неколку дена најавија дека ќе ја бојкотираат средбата поради тоа што на неа се поканети и од ГДОМ.

„Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некои ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини“ - објаснуваат од Делагацијата на ЕУ.

Тие не кажаа прецизно каков безбедносен ризик постои. Невладините организации денеска во 10 часот ќе одржат прес конференција пред ЕУ во Скопје на која ќе ги објаснат причините за недоаѓање на настанот.

Слично

Поврзани вести