Откажан протестот пред „Дрекселмаер“
Закажаниот протест на вработените во „Дрекселмаер“ заради условите за работа во фабриката во Кавадарци не се одржа. Според левичарските здруженија „Ленка“ и „Солидарност“ кои го поддржаа протестот, вработените се исплашиле од нови откази.
Пред една недела вработените во „Дрекселмаер“ ја прекинаа работата незадоволни од неисплатените празнични дневници за Велигденските празници, по што тројца добија откази.
Фабриката денеска не работи, официјално според образложението од менаџментот, заради поставување на клима уреди во производните хали.
Слично
