Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажана продажбата на АД Славија, ВМРО-ДПМНЕ вели дека спречиле криминал

Откажана продажбата на АД Славија, ВМРО-ДПМНЕ вели дека спречиле криминал

Агенцијата за управување со одземен имот ја известила берзата дека се откажува продажбата на акциите на АД Славија, велат информациите на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата претходно ја задолжи агенцијата до крајот на годината на изврши продажбата на акциите на поранешниот социјалистички трговски гигант со почетна цена од 218.535 евра.

„Додека сеуште Заев и пиунот Ковачевски молчат за овој скандал, криејќи се зад криминалните пориви на одредени кадри и институции, СДСМ и Владата признаа вина и нечесни намери за продажба на АД Славија за 218.535 евра, иако вредноста нејзина е над 20.000.000 евра“, објави портпаролот Димче Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ останујва на проценката дека имотот на АД Славија, која патем има големи долгови, вреди околу 20 милиони евра и дека тамошните вработени не сакаат да се продава претпријатието. Арсовски побара оставка од Фатон Асани, директорот на Агенција за управување со одземен имот.


Слично

Поврзани вести