Економија, финансии, бизнис

Контакт

OTКАЖАНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Со што Харадинај ја навреди Могерини?

OTКАЖАНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Со што Харадинај ја навреди Могерини?

Европската Унија ја откажа закажаната прес - конференција  со косовскиот премиер Рамуш Харадинај. 

Прес-конференцијата требаше да биде одржана по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација.

Портпаролката на ЕУ за Западен Балкан, Маја Коцијанчич, рекла дека причината за откажување е поради предвидена агенда. Но, други извори тврдат дека атмосферата била напната. 

Според извори на Радио Слободна Европа, атмосферата на состанокот била напната од почетокот и кулминирала кога Харадинај, наводно, инсистирал на засилен ангажман на САД во дијалогот со Белград.

„Могерини тоа го сфати лично и нервозно го напушти состанокот и не се врати“- рекол изворот.

„Танјуг“ неофицијално, од извори во Брисел, дознава дека пораката на ЕУ до косовскиот премиер била дека Косово мора сериозно да работи на својата европска перспектива и да ја искористи приликата што целиот регион ја има во поглед на европската перпектива.

Косовските допиници од Брисел пишуваат дека имало „лоша атмосфера“ за време на состанокот на Советот што утрово се одржа во зградата на Европскиот совет.

На состанокот учествувале Харадинај, Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Слично

Поврзани вести