Отказ за главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“
Сопственикот на весникот „Нова Македонија“, бизнисменот Минчо Јорданов, го отпуштил главниот и одговорен уредник во овој медиум Зоран Димитровски.
Јорданов лично на Димитровски му го врачил отказното решение, но се уште не се познати причините за ваквата одлука.
Димитровски не одговара на мобилниот телефон, а од порталот НОВА успеале да го контактираат преку СМС порака. Тој само кусо им одговорил дека „согласно изјавата на Дуња Мијатовиќ, се спроведуваат законите од медиумската област“.
За попладнево е закажан и состанок со новинарите, на кој најверојатно ќе биде соопштено кој ќе го замени Димитровски.
Зоран Димитровски е долгогодишен новинар и уредник во повеќе медиуми меѓу кои „Вечер“, „Фокус“ и „Дневник“.
Слично
