Отказ за „болните“ стјуардеси од Кроација ерлајнс?
Хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс планира да им даде откази на 42 члена на авионски персонал кои од 29 април до 2 мај масовно земаа боледувања. Како што пишува Јутарњи лист, масовното земање боледување во компанијата доведе до откажување на повеќе летови на авиокомпанијата кога една петина од екипажот остана дома.
Раководството на компанијата процени дека во 42 случаи станувало збор за прикриен штрајк, а сега се очекува извештај од инспектори во здравствените установи што дале боледувања, пишува весникот.
Слично
