Откако влегоа во прегратките на политиката, „Светите Константин и Елена“ повеќе делат одошто спојуваат?
И по речиси шест години изградбата на црквата “Свети Константин и Елена” во центарот на Скопје, предизвикува бурни реакции. Повторно граѓаните се поделија на верници и неверници, приврзаници на власта или на опозицијата. Вчера пред општината Центар се случуваше вистинска драма.
Општината беше под опасада од група револтирани граѓани кои додека траеше седницата на која на дневен ред беа четери Детални урбанистички планови, буквално ги искршија вратите и прозорците во општината во обид ја спречат седницата. Како што кажуваа, дознале дека црквата нема да продолжи да се гради и дека ќе се урне. Од граѓанската иницијатива „Веритас“, која стои зад вчерашните протестите се убедени дека црквата ќе се руши.
Вчера тие изјавија дека во стариот ДУП за Мал Ринг, ја немало предвидено црквата Св. Константин и Елена, па по неговото усвојување црквата ќе се третирала како дивоградба и ќе била срушена. Инаку во последниот ДУП за Мал Ринг кој е достапен на интернет стрната на општината Центар, донесен во декември 2012 година, постои маркицата за изградба на црквата. Градоначалникот, изјави дека нема намера да ја стопира изградбата на црката Св.Констанин и Елена и дека граѓаните се изманипулирани.
-Според поделените материјали зошто на дневен ред се наоѓаат четирите ДУП-ви, пишува дека воопшто не се третираат оние објекти кои се градат или се во завршна фаза, туку само оние објекти кои допрва треба да се градат.Со тоа најодговорно тврдам, дека не планирам да врши некакво рушење на било каков објект вклучувајќи ја и црквата. Се разбира дека тие што ги организираа протестите владејачката ВМРО ДПМНЕ знае дека тоа не е така, но на еден емотивен начин сакајќи да ги инволвира граѓаните им кажа дека следи некакво наводно рушење на цркавата. Јас немам намера да рушам , но јасно кажувам дека ќе го стопирам самоволието на оваа власт и на било која централна власт, оти таа мора да ги почитува оние кои се на власт во општините и граѓаните, изјави вчера градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24 Вести.
Што се претходеше на изградбата на црквата Св. Константин и Елена?
Идејата за изградба на црквата Св Константин и Елена се роди во 2008 година. Ваквата одлука за изградба на овој сакрален објект ја донесе Владата.
-Во сите европски земји токму на плоштадните места, без разлика дали станува збор за земји коишто се од католичка доминантна исповед, протестантската или православната, имаме црковни објекти, а впрочем на ова место каде што се предлага да биде новиот храм, веќе имаше црква“, изјави тогашниот портпарол на Владата, Ивица Боцевски.
Потоа Министерството за култура распиша меѓународен тендер за идејно решение. Од МПЦ побраа изгледот на црквата треба да биде според македонската православна традиција. Од тогаш почнаа и реакциите, како кај стручната јавност, така кај политичките партии, и крајно кај граѓаните. И покрај тоа што тогашното раководство на Градот Скопје на чело со Трифун Костовски како градоначалник, даде негативно мислење за црквата со образложение дека се коси со Генералниот урбанинистички план на градот, кој практично преставува устав за ДУП-вите, сепак тогаш општината Центар даде зелено светло. Во 2009 година од ВМРО ДПМНЕ излегоа со изјава дека црквата ќе се гради со пари буџетот. Тогаш од партијата соопштија дека во програмата за изборите во 2008 година ВМРО ДПМНЕ јавно објавила дека доколку победи ќе изгради православен храм на скопскиот плоштад.
Беше најавен и референдум на кој требаше да се изјаснат граѓаните, но сепак тоа не се оствари. Потоа следуваа протестите на плоштадот на Македонија. На 28.03.2009 година, на плоштадот „Македонија“ за време на одржување на протестниот собир на граѓани против изградба на верскиот објект на плоштадот Македонија, организаторите на протестот беа нападнати од неистомислениците. Тогаш дојде до судир и физичка пресметка, меѓу две групи граѓани од кои едните беа “за” црквата а другите против. Власта и опозицијата постојано се препукуваа, па политичката дебата за црквата се претвори во делење шлаканици и клоци за сите што мислат поинаку.
На бунт и муслиманите
Во меѓувреме, на бунт се кренаа граѓаните од муслиманска вероисповед. Од Исламската верска заедница тогаш изјавија- Ако има црква на плоштадот ќе има и џамија, поточно изградба на некогашната Бурмали Џамија. И тие протестираа, одржуваа молитви на плоштадот, преку кои верниците бараа да се изгради Бурмали џамија.
Летото 2009 година Малиот Ринг и се најде и пред уставните судии, кои ја проверуваа постапката на донесувањето на Деталниот урбанистички план од општина Центар, особено делот за изградбата на црквата.
Дел експертите тогаш реагираа дека изградбата на на било кој верски објект на плоштадот ќе предизвика меѓу етнички тензии, а од руга страна урбанистите реагираа дека да престане како што го нарекуваа “силувањето на Скопје”.
Во тој период дојде и политичка криза во владејачката коалиција ВМРО ДПМНЕ - ДУИ. За ДУИ тогаш беше несфатливо да не се почитува нивниот став од дебата да се тргнат измените на законот за денационализација, поради сомневањата дека, измените отвораат терен за изградбата на црква на плоштадот. Во тој период се случија и познатите инциденти на Калето, откако пратеници на ДУИ почнаа да ја уриваат музеј црквата што требаше таму да се гради, што беше своевидно продолжување на верскиот судир.
Нема место за црка на плоштадот
Тензиите и препукувањата, како меѓу граѓаните така и меѓу партиите некако се надмина дури во 2011 година. Тогаш политичките партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ постигнаа компромис за реажшавање на проблемите што ги предизвика најавата за изградба на црквата. Одлуката се промени, црквата го доби сегашното место кај Домот на АРМ. Се одлучи скопскиот плоштад воопшто нема да има верски храмови, бидејќи идејата за изградба на црквата, предизвикаа барање и за изградба на џамија во близина на Камениот мост.
Изградбата почна во октомври минатата година. Црквата ја гради компанијата Бетон. Согласно урбанистичкиот план, црквата ќе биде висока околу 30 метри, а камбанаријата е дозволно да биде висока 50 метри. Кон крајот на минатата година Македонската православна црква организираше донаторска конференција за изградба на храмот „Свети Константин и Елена“, на која присуствуваа преставниците од Владата, бизнис елитата, директори на претпријатија и други. Сепак досега остана непознато кој колку донирал и дали потрошил лични или буџетски пари . Инаку за изградбата на храмот, МПЦ како инвеститор формираше и фондација „Св. цар Константин”.
Ј.С

Слично