ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа
Турција нуди енергетска поддршка на Европа, oдносно до 10 милијарди кубни метри гас годишно преку Балканскиот гасовод.
Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да обезбеди значителна поддршка за енергетската стабилност на Европа со извоз на 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку Балканскиот гасовод. Ова, сепак, ќе биде возможно само ако европските земји покажат политичка волја и инвестираат во инфраструктурните врски.
„Можеме значително да придонесеме за енергетската безбедност на Европа. Но, потребна е јасна политичка посветеност и дополнителни инвестиции во инфраструктурата за да се овозможи испорака на до 10 милијарди кубни метри гас годишно кон Централна и Источна Европа преку Балканскиот гасовод“, вели Бајрактар во интервју за јапонскиот економски магазин „Никеи“.
Транзитниот договор меѓу Русија и Украина заврши на 1 јануари, откако Киев одби да го продолжи договорот поради руската воена агресија.
Слично
