Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако почна војната Русите навалија да отвораат фирми во Србија

Откако почна војната Русите навалија да отвораат фирми во Србија

Руси основале повеќе од 300 фирми во Србија откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Станува збор за 323 фирми чии основачи се од руската федерација, пишува денеска војводинскиот истражувачки портал Воис. Тоа е една четвртина од вкупниот број активни фирми чии основачи се од Русија. 

Само во март во просек се отворани по девет фирми дневно, додека на 1 април биле основани 27 компании. Најмногу фирми од руски државјани се основани на 25 март – 51 фирми.

62 правни лица се регистрирани на иста адреса – Данило Лекиќ Шпанац 1 во Нов Белград. Од нив 60 се за компјутерско програмирање, а 22 од фирмите биле основани во ист ден, на 25 март.

Србија е земја која има добри односи со Русија, и таа не воведе санкции. Западот воведе санкции со цел економски да ја казни Русија. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести