Откако откри конфликт кај САМАК: Зошто Антикорупциска не се занимава и со суштински работи?
Антикорупциската комисија во Македонија се занимава со работи што се далеку од суштиниски, и во изминативе години оваа институција не го оправда своето постоење, сметаат поранешните аниторупционери, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.
„Не можам да кажам дека работата на аниткорупционерите е на адекватно ниво. Затоа што не е. Тие изминативе години немаат активности кои се во рамките на нивните надлежности. Особено, можам да кажам дека имаат ниско ниво на активности кон функционерите во земјава. Имало многу ситуации кога требало да реагираат, а тие тоа не го сториле, иако биле надлежни. Се донеле многу владини одлуки на кои ако сакале можеле да реагираат. Но, јасно е дека нивната реакција изостанала. Па, дури и истражувањето што тие сами си го направија им покажа дека не одговориле на задачата за која постојат, вели за Фактор Слаѓана Тасева, поранешн прв човек на Државната комисија за спречување корупција.
Антикорупциската комисија, е изложена на критики поради пасивност, со оглед на тоа што речиси и да нема некоја суштинска иницијатива, постапка или пак некое истражување. Таквото однесување, оваа институција ја прави невидлива алка во системот иако треба да биде клучна.
„Кога ме прашувате како ја оценувам работата на антикорупциската комисија, можам да ви одоворам со еден збор. Никако. Ова членство речиси воопшто не се занимава со суштински работи, се занимаваат со безначајни работи. Деновиве тие се занимаваат со судирот на интереси, кај еден од владините министри. Но, има позначајни работи, кои ги прекршуваат фундаменталните економски текови и владеењето на правото, а Државната комисија за спречување на корупција со нив не се занимаваа“, вели за Фактор Драган Малиновски поранешен антикорупционер.
Антикорупциската комисија деновиве изрече јавна опомена до министерот без ресор Веле Самак поради тоа што неговата сопруга добила работа во компанија со странски капитал во која
„Самак во својство на министер без ресор во Владата на Република Македонија е потписник на договорот за доделување на државна помош од Република Македонија на правното лице МАРКАРТ Македонија ДООЕЛ Скопје како инвеститор, а во кое врз основа на договор за вработување е вработена неговата сопруга“, стои во рекацијата на Државната комисија за спречување на конкуренцијата.
Деновиве пак, дел од медиумите објавија дека сопругата на министерот Веле Сакам, повеќе нема да работи во наведената странска компанија, бидејќи и истекол договорот.
Покрај случајот на Веле Самак, од почетокот на годинава антокорупционерите имаат изречено уште една јавна опомена за судир на интереси кај лицето Јоже Јефтимов поради кумулација на функции- истовремено со функцијата член на Совет на Општина Чешиново-Облешево ја извршува и функцијата управител на трговско друштво. А годинава има и соопштение кое се однесува за пратеникот Петре Шилегов, во однос на грешки во податоците во анкетнииот лист.
Според податоците од интернет страната на Државната комисија за спречување на корупцијата, во изминатата 2014 година изреќени се околу десетна јавни опомени или има соопштенија за судир на интерси, за дваесетина носители на јавни функции, а пред се станува збор за луѓе кои членуваат во општинските совети и кои истовремено се управители на некоја приватна компанија.
Токму ова е една од причините поради која дел од поранешните антикорупционери посочуваат дека, актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се занимава со незначајни работи, јавни опомени за судир на интерси кои пред се се однесуваат на најниските ешалони од носителите на јавните функции, наспроти крупните проблеми или ситуации каде истата комисија можела и требала да реагира, но не реагирала.
С.Н.
Слично
