Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако лирата потона, Иранците, Ирачаните и Русите навалија да купуваат имоти во Турција

Откако лирата потона, Иранците, Ирачаните и Русите навалија да купуваат имоти во Турција

Странци масовно купуваат куќи и станови во Турција поради евтината лира. 

Убедливо најголем број странски купувачи се иранските државјани, а потоа следат Ирачаните и Русите.

Во ноември на странци им се продадени 7.363 куќи и станови, што е најмногу за еден месец од 2013 година откако се сумираат вакви месечни податоци.

Продажбата на куќи и станови на странци сe зголеми за скоро 50 отсто на рекордно ниво во ноември, привлекувајќи милијарди долари во странска валута, бидејќи падот на лирата го направи купувањето многу поевтино. 

Најпопуларните дестинации каде што странците купувале куќи е Истанбул со 2.922 продадени имоти, а потоа следуваат одморалиштето во јужна Анталија и главниот град Анкара.

Поради намалувањето на вредноста на лирата, Турција сега е атрактивна и за шопинг. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести