Отишла во Шведска и таму останала заради работа
Маја Гаталица од хрватското село Пруговац се нашла во Шведска иако никогаш не сонувала за живот во странство. Денес живее и работи во местото Енгелхолм.
„Студирав во Хрватска, поточно во Ријека и заради партнерот одлучив да се преселам во Шведска. Тој е родум од Хрватска, но живее во Шведска. Иако не сум веќе со него, сепак не сакам да се вратам во татковината“ - раскажува Гаталица.
Пронашла за кратко време работа во дом за стари лица. Вели дека никогаш не размислувала за ваква работа, но сепак е задоволна.
„Дури размислувам и за ова да се дообразувам. Ова е нешто со што сакам да се занимавам“ - додава таа.
Раскажува дека живее во мал стан кој за неа е сосема доволен. Вели дека според шведскиот стандард, недвижнините и не се многу скапи и дозволуваат младите да почнат свој живот.
За шведскиот јазик Гаталица додава дека е сличен на англискиот и релативно брзо го научила.
„Имам работа и тоа ми е доволно за да останам. Работев во Хрватска како студентка, но можам да кажам дека ова е потполно нов свет“ - кажа Гаталица.
Девојката вели дека во Шведска кога ќе земете плата, таа е доволна за живот и нема страв дали ќе ви стигнат парите за сметки и купување на храна.
