Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отфрлени предлог-измените на Законот за помилување

Отфрлени предлог-измените на Законот за помилување

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието, го одбија предлог-измените на  Законот за помилување кој го поднесе опозицијата.

 За предлог-измените на Законот за помилување зелено светло дадоа 30 пратеници, а 55 беа против.

„Со измените е предвидено, претседателот да го наведе името и презимето, како и делото на помилувањето и ќе се спречи тој да помилува исти лица во период од 20 години. Во законот е предвидено да не смеат да се помилуваат лица кои направиле особена општествена опасност. Тука зборуваме и за организатори на изборен криминал, а не силеџии на избори. Ако не го поддржите овој закон, значи дека сте соучесници во срамната одлука на Уставниот суд“ – рече Горан Сугаревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Според опозицијата, негласањето на предложените измени е доказ за криминалите на власта.

Слично

Поврзани вести