Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТФРЛА МЕДИЈАТОРИ: Дачиќ смета дека без ментори,Приштина би го прифатила предлогот за поделба на Косово

ОТФРЛА МЕДИЈАТОРИ: Дачиќ смета дека без ментори,Приштина би го прифатила предлогот за поделба на Косово

Според министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кога со Приштина  би се разговарало без ментори, таа би го прифатила предлогот за поделба на Косово.

Тој наведе дека и големите сили кога ќе се спомне разграничување и поделба сметаат дека ќе дојде до масовни преселби на населението, бидејќи не се зема предвид дека ерничката состојба на теренот веќе е во согласност со самиот предлог на поделбата.

Дачиќ кажа дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат бидејќи сметаат дека прашањето на Косово го затвориле во 2008 година со тоа што ја признале независноста.

На прашањето дали се точни тврдењата на поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ го понудил југот на Србија за северот на Косово, Дачиќ кажа дека „ немало никакви разговори за обид за трајно решение за Косово“.

„Имаше разни разговори, во разни метрополи, размени на мислења, но не и официјални. Не знам каде некој можел да понуди такво нешто“, кажа Дачиќ.


Слично

Поврзани вести