Отежнат сообраќај во целиот регион
Внимателно возење по патиштата им се препорачува на возачите, поради отежентиот сообраќај од снегот и силниот ветер во земјите од регионот.
Зимски услови прогласени се на многу патишта во Горски Котор, на Хрватското приморје, Лика, во Задар и во средна и северозападна Хрватска, а на поедини патишта има забрана за движење на товарни возила. Во Хрватска во прекин се и траектните линии.
И во поголемиот дел од Босна и Херцеговина сообраќајот се одвива отежнато поради снегот. Посебно треба да се внимава на планинските предели, каде има снег по патиштата. Во тие предели товарните возила со приколка и шлеперите задолжително мораат да употребуваат ланци.
И во пониските подрачја во БиХ се предупредува на растопен снег или на лизгави коловози.
Во Словенија во текот на денот се најавува прекин на снежните наноси, а ветерот ќе ослаби.
Слично
