Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТЧУКУВА ЧАСОВНИКОТ: Македонија ќе нема нов министер за внатрешни работи?

ОТЧУКУВА ЧАСОВНИКОТ: Македонија ќе нема нов министер за внатрешни работи?
Тешко одат преговорите меѓу работните групи за договорот од Пржино. Главен камен на сопнување се ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Тој треба да биде избран на предлог на СДСМ одобрен од другите партии. Но не е проблемот во персоналното решение, туку во ингеренциите. Според нашите извори, ВМРО ДПМНЕ не сака ни да чуе да добие Министер со неовластени ограничувања, како што бара СДСМ. ВМРО ДПМНЕ инсистира на тоа министерот да не може без консензус да менува кадри и да носи и други одлуки. Партијата на власт се согласува истиот принцип да важи и за останатите министерства. Но ова е сосема неповолно за СДСМ. СДСМ инсистира да нема ограничувања, а консензусот да важи за изборни прашања. Изборот на министер за полиција е од клучно значење за работата на специјалниот обвинител, па оттаму копјата сега најмногу се кршат за ова министерство. Кај странците засега преовладува мислењето дека министерот мора да има повеќе овластувања, како што изјави Ван Хoуте „не ни треба министер кој ќе пие кафе“. На оваа тема сега се разговараат повеќе опции. Другиот проблем е законот за бомби, но претпостaвка е дека за ова полесно ќе дојде до решение. Во двата табора владее песимизам дека може да дојде до решение за целиот пакет. Меѓународната заедница очекува решение до утре, ако нема, договорот од Пржино ќе се смета мртов. Доколку тоа се случи, на Македонија може да и биде одземена препораката за членство во ЕУ, а земјата може да се соочи и со своевидна изолација. Тоа дополнително ќе ја компликува и онака тешката внатрешна политичка и економска ситуација.
Слично

Поврзани вести