Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТЧЕТ: Кои се ефектите од владните антикризни мерки?

ОТЧЕТ: Кои се ефектите од владните антикризни мерки?

Владата донесе неколку пакети на антикризни мерки – но кои се и какви се ефектите од нив. Министерскиот двоец Ставревски-Ристовски, првиот задолжен да ги обезбеди парите, вториот да ги спроведе прокетите, дадоа отчет.

 “Беа усвоени  12 до 13 мерки што помогнаа во справуавње со кризата. Една од мерките се однесуваше на привремени вработувања и самовработувања. Според информациите заклучно со 15 ти ноември аплцирале 2289 лица, се работи за луѓе со пониски квалификации и не можат да најдата работа. Тука очекуваме поголем ангажман од општините, кои досега привремено вработиле 1240 лица. “ – рече минситерот Ставревски. Тој  обелодени дека веќе се трошат и парите од Македонската банка за подршка на развојот , што ги обезбеди владата. “Втората мерка се однесуваше на приватниот сектор. Владата за докапитализација на  Македонската Банка за подршка на развојот обезбеди нои 10,7 мил евра, пари наменети  за мали и средни фрми. Парите се префрлени а користењето веќе почна . До сега 21 фирма поденле барање за креди во вкупен износ од 6 милиони евра, а дополнително има уште 9 барања за останатите пари од кредитната линија. Главно, кредитите се за обезбедување на обртни средства но има и такви за изградба на нови капацитети, како на пример, млин за сточна храна. Со овој кредит успеавме да покриеме еден сегмент за фирмите кои тешко доаѓаа  до кредити “ Како трета мерка што дала резултати, министерот Ставревски го понуди бесплатното  летување  и зимување за децата од социјално-ранливите семејства. “3000 деца  се планирани да ја искористат оваа можност. На летен веќе беа  2000 деца а а сега, во јануари на зимување ќе заминат  уште 1000 деца“ Министерот за социјална политика, Спро Ристевски ги објави резултатите од прокетите за самовработување. “ Со овој проект треба да бидат опфатени 400 лица а до сега за користење на владини пари за самовработуавње се склучени нешто повеќе од 200 договори, доплнителн за да успее оваа мерка се направи и ТВ спот “ – изјави Ристовски. Тој рече дека во тек е и третиот оглас за пријавување на лица и на фирми кои сакаат да се вклучат во прокетот “ Вработување кај познат работодавач“. На претходните два огласи се пријавиле околу 600 лица.
Слично

Поврзани вести