Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТА ќе му плаќа кирија од 5.000 евра на Телеком

ОТА ќе му плаќа кирија од 5.000 евра на Телеком

Македонски Телеком објави дека е склучен договор за закуп за деловен простор со Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија.

Владата на Република Македонија во моментов е акционер во Телеком и поседува над 38% од акциите со право на глас,. СОЗР ќе го користи закупениот простор за потребите за сместување на новоформираната Оперативно-техничка агенција, која ги има надлежностите над опремата за прислушкување во Македонија и привремено ќе биде сместена во просториите на Телеком пред да биде најдено постојано решение.

Договорот се склучува за период од 2 месеци почнувајќи од 01.11.2018 година, а предмет на закуп е простор кој се наоѓа во склоп на деловниот објект - зграда ТК Центар - Скопје, лоцирана на ул. Орце Николов бб во Скопје, за месечна закупнина во износ од 5.000 евра (без ДДВ).

Од Македонски Телеком известуваат дека одлуката се носи согласно Законот за трговските друштва и Одлуката на Одборот на директори донесена на вонредениот состанок на 29 октомври.

Слично

Поврзани вести