Економија, финансии, бизнис

Контакт

Освен лебот, што друго поскапе?

Освен лебот, што друго поскапе?

Поскапеле повеќе намирници, покажаа податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, пораст на цените има кај лебот и житата за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти. 

Понатаму, месото поскапело за 2,5 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 проценти, пивото за 1,2 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 проценти.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 проценти, централното греење за 14,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4 проценти и ред други услуги. И многу европски земји се борат со висока инфлација. 

foto freepik.com/prvproductions

Слично

Поврзани вести