Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумина од пациентите со симптоми на труење со гас ја напуштија Токсикологија

Осумина од пациентите со симптоми на труење со гас ја напуштија Токсикологија

Учениците и професорите од средното економско училиште од Гостивар кои вчеравечер со симтомпи на труење од гас беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје се во стабилна здравствена состојба, а осум од 14 ја напуштиле Клиниката во текот на ноќта.

- Имаме одредени резултати кои кај сите се апсолутно во граница на референтни вредности или негативни, чекаме уште резултат од токсиколошките анализи и затоа не можеме одговорно да им кажеме да си одат дома. Но во меѓувреме, пациентите самите си заминуваат на потпис. Шесте што останаа се, исто така, во добра состојба и се нестрпливи да си одат, изјави утрово за Миа д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

Пациентите вчера се пожалиле на симптоми на труење од гас, печење во очите, гребење во грлото и проблеми со дишењето.

Треба да се утврди дали труењето е од гас.

 - Ќе оставиме прво да ги видиме токсиколошките анализи, што е во наш домен, а другото им го оставаме на другите институции да си проверат за што се работи. За нас е најважно пациентите да се добри, да немаме влошување и животно загрозени, рече д-р Чибишев. 

Слично

Поврзани вести