Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумдесет и осум годишна баба раскажа како ранета се спасила од крвавиот поход на Бориловиќ

Осумдесет и осум годишна баба раскажа како ранета се спасила од крвавиот поход на Бориловиќ

Даринка Челебиќ (88) излезе од болница и за српски „Курир“, раскажа  дека се сретнала очи во очи со убиецот Вук Бориловиќ кој уби 10, а рани 6 свои сограѓани во петокот во црногорскиот град Цетиње.

„Бев дома кога дојде. Се појави наеднаш на терасата, а јас стоев наспроти него. Ме гледаше, а јас му реков: Немој да ме убиеш, немој да пукаш во мене. Потоа ја дигна пушката и пукна кон мене“, открива Даринка.

Бабата открива дека успеала да избега, иако била повредена, по што одела сама до болница, каде што дознала кого сè застрелал убиецот. 

Полуавтоматски карабин е пушката со која Бориловиќ го направи масакрот на Цетиње. Крвавиот поход на Бориловиќ е завршен откако во него пукала полиција, но и сосед. Тој е погребан надвор од Цетиње, на непозната локација. 

Слично

Поврзани вести