Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумдесет и два пратеници рекоа „ЗА“ – почна постапката за промена на Уставот

Осумдесет и два пратеници рекоа „ЗА“ – почна постапката за промена на Уставот
Владата го обезбеди потребното мнозинство од 82 пратеници во Парламентот за да ја отвори постапката за промена на највисокиот државен акт Уставот. За потребата да се менува Уставот денеска гласаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вклучувајќи го и пратеникот Хазби Лика, кој во изминатиот период јавно ги критикуваше предложените амандмани. Специјално за гласањето во собраниската сала дојде и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Освен нив, поддршка дадоа и Чедомир Саздовски од ГРОМ, како и одметнатата пратеничка од НДП Мирсада Асани. ДПА гласаше против, а Роза Топузова Каревска беше воздржана. По ова, најдоцна за 10 дена Владата ќе го дефинира текстот на уставните амандмани, кои ќе одат на јавна расправа. А потоа уште еднаш за нив ќе се расправа во Собранието и ќе се гласа за секој амандман посебно. Потребата за менување на Уставот беше изгласана без поголемиот дел од опозицијата, која и натаму го бојкотира Собранието. „Јас би сакал во оваа прилика да ги повикам оние пратеници коишто не доаѓаат на работа во Собранието, а имаат добиено мандат од граѓаните на Република Македонија, да ја прифатат личната одговорност дека во еден ваков клучен момент кога разговараме за уставното уредување на Република Македонија, тие својата партија и своите лични интереси ги ставаат на приоритетно место“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и побара предложените измени да се разгледуваат без да се условуваат со други прашања. Според првичниот план, власта со амандманите има намера уставно да го дефинира бракот како заедница на еден маж и една жена, да го промени името на Народна банка во Банка на Македонија, како и да воведе серија измени во финансискиот и судскиот систем.  
Слично

Поврзани вести