Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум вработени во Музејот на Македонија уапсени за кражбата на вредни артефакти!

Осум вработени во Музејот на Македонија уапсени за кражбата на вредни артефакти!
Голема полициска акција изутринава. Уапсени се осуммина вработени во Музејот на Македонија, под сомнение дека ја извршиле кражбата на вредни артефакти кои исчезнаа од депото на Музејот. Според првичните информации,  меѓу уапсените се актуелниот и поранешниот директор на Музејот, а осомничен е и екс директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Истрагата утврди дека од Музејот недостасуваат вкупно 166 вредни предмети од културно историско значење. Според претпоставките, изнесувањето на предметите траело подолго време.
Осомничените биле приведувани од своите домови. Тие веќе се во Кривичниот суд, каде се одлучува за евентуална мерка притвор. И МВР во текот на денот ќе излезе со повеќе информации.
 
Слично

Поврзани вести