Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум пријавени за универзален снабдувач на македонските домаќинства со струја

Осум пријавени за универзален снабдувач на македонските домаќинства со струја

Осум компании се во конкуренција за избор на единствен униуверзален снабдувач со струја на македонските домаќинства и мали потрошувачи, објави Регулаторна комисија за енергетика, а одлуката за „победникот“ ќе биде позната на почетокот од декември.

Претседателот на „Регулаторна“, Марко Бислимовски, рече дека нема информација за тоа кои компании се јавиле на тендерот, но појасни дека критериумите за избор се направени во соработка со компаниите снабдувачи со електрична енергија.

Доколку овој тендер биде неуспешен, ќе се распише нов, а ако тој не успее тогаш владата ќе треба да побара мислење од Регулаторната комисија како да постапи натаму. Во периодот додека не се избере нов универзален снабдувач на електрична енергија, појасни тој, домаќинствата ќе ги снабдува ЕВН.

– Целта е да создадеме транспарентен систем на снабдување со електрична енергија и конкурентен балансиран пазар во кој ќе има поголем број на учесници и балансни групи. Договори за снабдување потпишаа осум компании и тие, според предложениот Правилник за балансирање на електричната енергија ќе ја имаат балансната одговорност, односно ќе се грижат за порамнување на потрошувачката меѓу потрошувачите мали компании потрошувачи на струја и домаќинствата – рече Бислимоски.

Правилникот за балансирање на електрична енергија, вели тој треба да го определи начинот на пресметка и постапување со балансните групи.

Бислимовски рече и дека земјава е на врвот во регионот по либерализација на пазарот на електрична енергија на кој од јануари идната година ќе се вклучат и домаќинствата.



Слично

Поврзани вести