ОСУМ ПРАТЕНИЦИ РЕШИЈА ДА ГО НАПУШТАТ СЛАВИ ТРИФОНОВ - дали тие ќе ја спасуваат Владата на Петков? Договор уште нема
Осум бугарски пратеници од партијата Има таков народ го напуштаат лидерот Слави Трифонов, кој минатата недела реши да излезе од владината коалиција.
Ова го објави бугарскиот портал 24часа.бг.
Според медиумот, тие ќе излезат од пратеничката група на ИТН, но сè уште немаат постигнато договор за соработка со партијата Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков.
Осумтемина пратеници се организирани од министерот за спорт од ИТН, Радостин Василев, кој, според бугарскиот медиум, бил против напуштање на владата.
Во групата осум пратеници се досегашната организациска секретарка на ИТН, Викторија Василева, како и Николај Радумов, Светлин Стојанов, Иво Атанасов, Ивајло Христојв, Дејат Петков, Христинка Иванова и Георги Георгиев.
Со тоа, пратеничката група на Трифонов ќе остане со 13 пратеници, колку што во моментов има и опозициската Преродба.
Слично
