Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум нови ИКЕА продавници во регионот, Скопје го нема во планот?

Осум нови ИКЕА продавници во регионот, Скопје го нема во планот?
Шведската компанија за мебел и предмети за домаќинство Икеа в четврток отвора голем трговски центар во Загреб, а потоа има намера да отвори вкупно осум продавници на просторите на поранешна Југославија. Барем засега, во овие планови ја нема Македонија. Љубљана и Белград се сигурни локации, а потенцијал се гледа и во Риека, Сплит, Нови Сад и Ниш, потврдил Игор Стефанац, претставник на Икеа за Словенија и Хвратска. Вкупно, покрај еден маркет во Словенија и два во Хрватска, во Србија би требало да се изградат вкупно пет продавници на овој шведски бренд. Икеа има намера да започне да го гради својот центар во Љубљана веќе следната година, на 84 илјади квадратни метри земјиште кое има намера да го купи од словенечката фирма Триглав. „Преговорите уште траат, додека не го склучиме договорот нема да објавуваме никакви информации“, вели Штефанац. Тој потврди дека се преговара и за земјиште во Сплит, бидејќи првично понудената локација од Градот не ги задоволувала потребите на Швеѓаните.  
Слично

Поврзани вести