Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум невработени се борат за едно работно место

Осум невработени се борат за едно работно место

Teшко се доаѓа до работно место во Бугарија. Кај источниот сосед осум невработени се борат за едно работно место. 

Податоците по општини покажуваат уште поголеми разлики. Во 64 општини бројот на невработени лица за едно слободно место е под националниот просек (8), а во 12 општини тој е над 100.

Ова го покажуваат податоците на Институтот за пазарна економија за односот помеѓу бројот на невработени и бројот на слободни работни места заклучно со 31 јануари 2021 година, објави БГНЕС.

„Индикаторот е важен затоа што го зафаќа степенот на конкуренција на локалните пазари на труд и е чувствителен на двата главни фактори – понудата на работни места во канцелариите за вработување и побарувачката од страна на регистрираните невработени”, наведува Институтот.

Бугарија е една од најсиромашните земји во ЕУ. Платите во оваа земја се исто така меѓу најниските во унијата. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести