Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осуди врз нападот на хирургот во Скопска клиника

Осуди врз нападот на хирургот во Скопска клиника

Откако несекојднeвен инцидент се случи утрово околу 9 часот на скопската клиника за абдоменална хирургија од Министерството за здравство го осудија настанот.

Од оваа институција велат дека никој нема право револтот и незадоволството да го искажува на овој начин користејќи и огнено оружје, потенцирајќи ја недозволивоста за вакви инциденти во било кој здравствен систем, посебно врз здравствените работници кои во својата дејност се залагаат за спасување човечки животи.

Од Министерството за здравство велат дека нападот врз здравствени работници при вршење на нивата дејност се третира како кривично дело за кое може да се добие затворска казна  до десет години.

Кој е повредениот хирург во кој утрово беше пукано?

Љубомир Огненовиќ (41) е дежурниот доктор во кој утрово на скопските клиники беше пукано. Неговата здравствена состојба е добра и сега е во операциона сала во Клиничкиот центар.

Се се случило кога син на почината жена пукал во пределот на нозете на хирургот а веднаш по инцидентот се приведени  три лица на возраст од 30, 34 и 36 години сите од Скопје.

Слично

Поврзани вести