Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУДИ ОД ЗНМ И ССНМ: Со предлог-законот власта ќе ја легализира корупцијата во медиумите!

ОСУДИ ОД ЗНМ И ССНМ: Со предлог-законот власта ќе ја легализира корупцијата во медиумите!

На преговарачката маса на работните групи се предлозите кои владеачката партија ги достави по прашањето за регулација на медиумите.

Меѓутоа, овие предлози наидоа на остри реакции кај Здружението на новинари и Самостојнот синдикат на новинари кои тврдат дека со овој предлог закон, власта всушност ќе ја легализира корупцијата во медиумите кои и така се под силен притисок.

Првиот човек на ЗНМ Насер Селмани новиот закон за владини реклами го карактеризираше како брутален напад врз независноста на медиумите образложувајќи дека со истиот се прави упад врз мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите.

„Преку медиумските кампањи власта во име на заштита и унапредување на наводното јавно информирање, во суштина изразува огромен страв и недоверба во работата на медиумите. Кампањите треба да покажат дека медиумите не работата во интерес на граѓаните затоа е потребно власта да ги мотивира со пари за да ја научат лекцијата како се заштитува јавниот интерес“, изјави Селмани.

Остра осуда предлозите на ВМРО-ДПМНЕ добија и од ССНМ.

Претседателката на ССНМ Тамара Чаушидис вели дека ваков законски предлог е да се протнат и легализираат практиките што власта веќе ги има, напоменувајќи дека со овие предлози ВМРО-ДПМНЕ покажува дека за нив медиумите се лесен плен и сакаат само да купат време, а јавниот интерес е всушност партискиот интерес .

Слично

Поврзани вести