Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, пак на распит кај Јанева

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, пак на распит кај Јанева

Со силно полициско обезбедување, денеска од просториите на специјалното јавно обвинителство беше изнесен поранешниот припадник на специјалните полициски единици, Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски.

СЈО ја презеде надлежноста за случајот со убиството на Мартин Нешковски, бидејќи во дел од снимките што ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, минатата година, можеа да се чујат разговори помеѓу високи функционери на МВР за тој случај и за контроверзии во водењето на истрагата.

Ова е втор распит на Спасов во СЈО кое го регистрираат медиумите. Првиот пат беше на почетокот на минатиот месец.

Тој е осуден на затворска казна од 14 години.

Слично

Поврзани вести