Осудениот за убиството на Мартин Нешкоски на „исповед“ во СЈО
Осудениот за убиството на Марин Нешкоски утрово придружуван од бројни полициски возила е донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство.
СЈО ја презеде надлежноста за случајот со убиството на Мартин Нешковски, бидејќи во дел од снимките што ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, минатата година, можеа да се чујат разговори помеѓу високи функционери на МВР за тој случај и за контроверзии во водењето на истрагата.
Полицаецот Спасов беше осуден за делото како единствен извршител, кој во 2011-тата година на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ го претепа со смрт младиот Мартин Нешковски.Тој е осуден на затворска казна од 14 години.
Слично
