ОСУДЕНА ЖЕНА ОД РЕПУБЛИКА СРПСКА: Во кафето на шефицата ставила отров
Жена во Босна и Херцеговина(БиХ) e осудена на 2 години затвор за обид за убиство на шефицата, oткако ѝ ставила отров во кафето.
Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ во 2022 година, откако во кафето ѝ ставила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Нинковиќ и Танасиќ работеле во Педагошкиот институт на Република Српска.
Судијката рече дека делото го сторила со можна умисла и дека е утврдено дека концентрацијата на отровни материи што 58-годишната жена ги истурила во кафето не можела да предизвика смрт и дека се работи за неподобен обид за убиство, пишува N1 БиХ.
foto freepik.com
