Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осуден пар за педофилија, мајка вршела онлајн проституција на својот син

Осуден пар за педофилија, мајка вршела онлајн проституција на својот син

Судот во југозападна Германија осуди пар кој преку интернет нудел дете на педофили. Жената Берин Т. (48) е осудена на 14,5 години затвор, а нејзиниот партнер Кристијан Л. (39) е осуден на 13,5 години затвор. Тие признале дека, не само што го нуделе момчето на многу клиенти, туку дека и самите го злоставувале.

Во замена за илјада евра деветгодишното момче во текот на две години  било злоставувано од странци и локални луѓе.

Судот исто така приведе уште осум лица, а тројца Германци, еден Швајцарец и еден шпански државјанин се осудени на казна затвор од осум до десет години. 

Ова е најстрашниот случај на злоставување на дете, кој се случувал во градот Штауфен.

На интернет се појавија и видео снимки, а на некои од нив се гледа врзано момче со маска на лице


Слично

Поврзани вести