Осуда за синоќешните протести од Министерството за финансии
Министерството за финансии го осудува како вандалски чин протестот од синоќа за кој велат дека се оштетувал државен имот.
„Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија“ - велат од Министерството за финансии.
Синоќа и покрај силното полициско присуство, граѓаните успејаа да го обојат со катапулт Министерството за финансии револтирани од задолжувањето на државата.
Причина за протестот на „Шарената револиција“ беше одлуката за издавање на нова еврообврзница од 650 милиони евра.
Слично
