Островите во Грција привлечна дестинација за странските туристи
Странски туристи повторно ги преплавија островите во Грција по лошата минатогодишна сезона, што претставува голем поттик за оваа презадолжена земја, која шест години по ред е во рецесија.
Унијата на грчките туристички работници соопшти дека бројот на туристи во првите шест месеци од оваа година е зголемен за десет проценти. Само во јуни тој број на годишно ниво е зголемен за 14,6 птоценти.
Во периодот од јануари до мај оваа година растот на приходите од туризмот надмина 15 проценти.
Слично
