Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остров направен само од песок во Дубаи продаден за 30 милиони евра

Остров направен само од песок во Дубаи продаден за 30 милиони евра

Остров направен само од песок во Дубаи, на кој нема ништо друго, освен што е само во облик на морско коњче е продаден за 30 милиони евра.

Џумеира Беј во Дубаи има површина од околу 2.000 квадратни метри и служи само како песочна плажа.

Ендрју Камингс, раководител на агенцијата за недвижности „Најт Френк“ во Дубаи, изјави дека со продажбата на вештачкиот остров, поврзан со мост до брегот, е урнат рекордот 

- Тоа се 125 милиони (дирхами) за песок... Досега во медиумите се споменуваше продажба на спектакуларни вили и неверојатни пентхауси, но ова е навистина голем рекорд за парцела, вели тој.

Заработката е околу 21 милион евра. Станува збор за препродажба, а претходникот за овој остров платил „само“ 9 милиони евра.

Новиот сопственик, кој не живее во Обединетите Арапски Емирати, наводно планира изградба на семејна викендичка. 


Слично

Поврзани вести