Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остров на Медитеранот им ги враќа парите на туристите ако заврне дожд

Остров на Медитеранот им ги враќа парите на туристите ако заврне дожд

Хотелите на италијанскиот остров Елба им ги враќаат парите за ноќевање на туристите доколку во текот на денот врне дожд повеќе од два часа. Со oваа мерка хотелиерите сакаат психолошки да ги охрабрат туристите од Европа за кои сметаат дека се многу осетливи на климатските промени кои би можеле да им го расипат одморот, пренесува Њујор тајмс.

- Ова е добра работа, бидејќи тоа ќе ја подобри нашата продажба и букинг индустријата - вели Валтер Трипичио, менаџер на хотелот Сколио Бјанко на брегот од тосканскиот остров на Медитеранот.

Оваа хотелска иницијатива се ефектуираше минатата недела, а Трипикио вели дека засега никој не вратил пари, бидејќи времето е само облачно и ветровито, но не и дождливо.

- Елба е мал остров и е многу ветровит. Времето се менува многу брзо, па малку веројатно е дека дождот ќе паѓа повеќе од два часа дневно. Тоа е можно, но не често - додава Трипичио.

Повратот на уплатата за ноќевање важи само доколку паѓа дожд во периодот од 10 до 20 часот, но не ја вклучува сумата за оброците. Ова не важи за летото, туку само до крајот на мај и за есенските месеци. Се чини дека Елба сака да ги охрабри гостите да го посетат островот надвор од прометната летна сезона.

Иако островот е далеку познат по кристално сините и смарагдните бои на морето, но и по тоа што во 1814 година беше заточиште на Наполеон Бонапарта.

Слично

Поврзани вести