Острени собира потписи во Дебар за промена на Уставот
Во Дебар се собираат потписи за иницијативата на партијата на Гзим Острени, Унитети, за промена на Уставот на Македонија, објави Канал 77.
За четири дена се собрани повеќе од 1500 потписи.
„Точките кои се предвидени во петицијата се: промена на Преамбулата на Уставот на Македонија, службена употреба на албанскиот јазик и неговото писмо на територијата на цела држава, избор на претседател на државата во Собранието на Македонија, реорганизација на начинот на изборот и надлежностите на Комитетот за односи меѓу заедниците, донесување на уставна одредба за оспорување на одлуките на Уставен суд, измена на начинот на организација и функционирање на локалната самоуправа и рамноправна распределба на буџетот на Македонија“ - објаснува Шкелким Џафа од организациониот одбор.
Според нив, целта на петицијата, е еднаквост на сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната раса, етничка и верска припадност.
