Острени со предлог за промена на Уставот на Македонија
Лидерот на партијата “Унитети”, Гзим Острени денеска покрена граѓанска иницијатива за измената на Уставот на Македонија.
Во првиот дел бараат намалување на законскиот минимум на потписи за покренување иницијативи за измени на самиот Устав, кои сега се дефинирани со 150 000 потписи од граѓани или поддршка од 30 пратеници. “Унитети” предлагаат и да се пристапи кон измена на преамбулата на Уставот, овозможување службена употреба на албанскиот јазик и писмото, како и измени и во однос на изборот на претседател на државата во Собранието на Македонија.
„Анализата што ја направивме на законите на формата на непосредната граѓанска демократија што е во состав на правниот поредок на Република Македонија, заклучивме дека овој начин на изразување на барањата на граѓаните е блокиран, посебно на Албанците. Причините се несовладливите критериуми на законот“- вели Острени.
Додава дека се бараат 150 илјади граѓански потписи или потписи од 30 пратеници, со што Албанците тешко би можеле да го исполнат првото барање, а другото воопшто.
Слично
