Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАВКИ: Пратениците на СДСМ утре ќе ги достават своите оставки во Собрание!

ОСТАВКИ: Пратениците на СДСМ утре ќе ги достават своите оставки во Собрание!

Опозицискиот СДСМ денеска донел одлука сите избрани пратеници од оваа партија утре да достават оставки во Собранието. Како што открива партиски функционер, одлуката била донесена на денешната средба на избраните пратеници со раководството на партијата.

Било одлучено утре во 13:30 часот избраните пратеници да ги достават своите оставки во Собранието, по што законодавниот дом само ќе треба да го констатира престанокот на нивниот мандат.

Од 34-цата пратеници избрани на листите предводени од СДСМ, не била присутна само Роза Топузовска-Каревска од ЛДП, иако на состанокот се појавил лидерот на нејзината партија Андреј Жерновски.

Одлуката доаѓа откако Управниот суд ја отфрли жалбата поднесена од СДСМ, во која партијата обвини за „насилна верификација на мандатите“. Сите кандидати од СДСМ на нотар потпишаа изјави дека се откажуваат од мандатите пред конститутивната седница на Собранието, но пратеничките мандати сепак им беа верификувани.

Одлуката за враќање на мандатите беше донесена затоа што СДСМ не ги признава последните избори и изборните резултати.

Слично

Поврзани вести