Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков бараат од ЗНМ

Оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков бараат од ЗНМ

Откако вчера на лидерот на СДСМ Зоран Заев обелодени дека стотина новинари биле прислушувани и следени од страна на, како што вели, тајната полиција. ЗНМ побара од премиерот Никола Груески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК Сашо Мијалков да си поднесат оставка без разлика кој го нарачал прислушувањето, денеска со реакција излезе Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај“, изјавил  претседателот на ЗНМ Насер Селмани. Селмани потенцираше дека јавната тајна дека со парите на граѓаните власта корумпира медуми конечно доби и потврда преку објавените аудио разговори помеѓу функционери и уредници на телевизии. „Прислушувањето на новинари го компромитира медиумскиот систем во Македонија и го претстави како целосно корумпиран и целосно зависен од политиката“, изјавил Селмани.
Слично

Поврзани вести