Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАВКИ НА ВУЧИЌ И БРНАБИЌ побара српската опозиција

ОСТАВКИ НА ВУЧИЌ И БРНАБИЌ побара српската опозиција

Oпозициски пратеници во Собранието на Србија, денеска побараа оставки од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Пратеникот на Народната партија (НС), Мирослав Алексиќ на почетокот на денешната седница на Собранието, побара шефот на државата и премиерката да поднесат оставки поради „настаните во Косово и Метохија“, прашувајќи каков е планот на српската Влада за понатамошно дејствување.

- Ве повикувам да поднесете оставки и да ги известите пратениците во Парламентот за плановите што државата сака да направи во Косово, рече Алексиќ.

Тој праша и како ќе бидат заштитени граѓаните што живеат во Косово, истакнувајќи дека три месеци нема резултати од убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.

Според Алексиќ, Договорот од Брисел е штетен, бидејќи „имплицира трајни штетни последици".

Алексиќ исто така, праша дали Вучиќ тајно се сретнал со косовскиот претседател Хашим Тачи и дали разговарале за „сето она што се случи вчера“.

Пратеничката на Новата партија (Нова)пак, Мариника Тепиќ ја праша српската премиерка Ана Брнабиќ, што направила вчера по апсењето на нејзиниот службеник Марко Ѓуриќ и дали членовите на Владата се состанале по тој повод.

- Сакам да ја слушнам Ана Брнабиќ за понатамошните потези на Владата на оваа тема, сакам да ја чујам неа, а не Вучиќ, бидејќи Ѓуриќ е владин претставник на Србија, рече Тепиќ.



Слично

Поврзани вести