Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставки на тројца министри за спас на владиниот „Титаник“?

Оставки на тројца министри за спас на владиниот „Титаник“?
Оставките на министрите  за внатрешни работи и за транспорт и врски  Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески како и на директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков  се обид  на премиерот  Никола Груевски да го амортизира  притисокот  на  меѓународната заедница,  но и да го  спласне незадоволство кое  владее  по обелоденувањето на  т.н бомби на СДСМ, се првичните  оценки на консултираните  соговорници. Горазд Чомовски Според неофијални информации  на Фактор  оставка понудиле  и Вицепремиерот  и министер за финансии Зоран Ставревски како  и  првиот човек кој раководи со ресорот здравство Никола Тодоров,   но наводно истите не биле   прифатени  од  претседателот на Владата. Неофицијално дознаваме  дека ДУИ  во текот на денешниот ден уште еднаш  би можело да ја преиспита одлуката за учеството  во Владата . „Се очекуваа оставките  после  средбите на  странските амбасадорит со  премиерот, лидерите на ДУИ и СДСМ. Но никако  одговорноста не смее да  заврши со мини реконструкција на Влада каде Груевски ќе се обиде на мала врата да се спаси од одговорност.  Повлекувањата на министрите ништо не значат без оставка на премиерот   затоа што неговата одговорност е најголема  и тој мора да си поднесе оставка“, оценува Јове Кекеновски универзитетски професор.     Соговорниците на Фактор оценуваат дека оставките на само  неколку министри  може дополнително  да го охрабри  народот да излезе  на протести  во уште поголем број  да побара од  Никола Груевски ведаш да си замине од  премиерската позиција. „Мислам дека оставките се логична последица по објавените бомби од страна на опозицијата. Сметам дека со персонални смени, Груевски сака да остава впечаток дека владата и неговата партија е за решавање на политичката криза, но овие оставки не се доволни за да се надмине кризата“ , посочува  универзитетскиот професор Сефер Тахири. Претседателот на СДСМ Зоран Заев  синоќа на својот Фејсбук профил се огласи во врска со повлекувањето на министрите „Не е време за триумфализам! Оставките на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков не се наша крајна цел. Ова е само чекор до крајот на Никола Груевски.. Сè што зборувавме се потврди, ова е доказ и за прислушувањето и за автентичноста на разговорите. Ова е доказ за содржината на разговорите кои ги потврдуваат сите незаконитости и криминали на Никола Груевски и врвот на власта. напиша на социјалната мрежа Фејсбук лидерот на опозицијата Амбасадорите  во изминатите 48 часа  остварија средби со лидерите на ДУИ и СДСМ.  На лидерот на интегративците Али Ахмети му порачаа дека е одговорен  за спроведување на демократските вредности и принципи додавајќи  дека партијата има обврска да помогне да се изградат државните институции и да осигура транспарентна истрага за откриените злоуопотреби на кредибилен начин. Се надеваме дека ДУИ ќе ја искористи влијателноста за доброто и иднината на сите македонски граѓани. На средбата со Заев, амбасадорите на САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и на ЕУ  ја повикаа опозицијата да се врати во Парламентот, и покрај резервираноста која ја разбираат, и потребата опозицијата да биде будна до степен до кога може да ја игра улогата од страна, нагласувајќи дека Парламентот е клучната институција во која опозицијата ќе земе учество во истрагата.
Слично

Поврзани вести