Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ И БЕРЗАТА: Ниските камати и инфлацијата сепак „пресудни“

ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ И БЕРЗАТА: Ниските камати и инфлацијата сепак „пресудни“


Ниските каматни стапки и повисоката инфлација парават амбиент за зголемено вложување во хартии од вредност, глобално ама и дома. Пазарот на капитал во земјава не е во некој посебен подем, но во последниот период, а и моментно се покажува како доволно дораснат и е речиси имун од актуелните политички турбуленции ако така може да се коментираат последните случувања на политичката сцена во земјава. Ако претходно сензитивноста на вакви случувања беше значајно поголема, сега одлуките за вложување се носат повеќе базирани на економски случувања, коментираат за Фактор, познавачите на пазарот, долгогодишни аналитичари и учесници на домашниот и на меѓународниот пазар на хартии од вредност. Категорични се дека сега во моментов, а во околности на најниски каматни стапки и подолготрајна инфлација, но и добри перформанси на компаниите, време за вложувања кои во принцип се поризични од традиционалните односно штедењето па и купувањето недвижнини. Период е на објава на кварталните извештаи на компаниите, а резултатите охрабруваат.

„Нашата индустрија, односно индустријата на инвестициски фондови е помалку погодена индустрија ако зборуваме од аспект на пандемијата и подлгорочно е во ситуација на позитивен бран. Во услови на ниски каматни стапки и повисоки стапки на инфлација инвеститорите бараат да ги оплодат парите во цели со повисоки приноси. Затоа во последниот период и кај нас има зголемен интерес и се зголемуваат средствата со кои управуваме како инвестициски фонд. Од друга страна, резултатите на компаниите на странските пазари, каде инвестираме и ние се одлични, вели Петар Петар Андреевски главен извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент.


Андреевски вели дека и за домашниот пазар пресудни се околностите во кои се наоѓаме а тоа подолготрајната инфлација и ниските камати за штедењето. Верува дека политичките случувања помалку влијаат на пазарот поради созреаноста на вложувачите.

„Дури и најкозервативните инвеститори сметаат дека вложувањето во акции со ризик е поисплатливо сега, но останува фактот и дека доста компании маат добри резултати, додава Андреевски.

Васко Митев директор на Илирика Инвестментс во Македонија се согласува дека најголемо влијание за однесувањата на инвеститорите имаат економските фактори кои се покажуваат пресудни и во политички турбуленции.

„Каматите се ниски и тие имаат големо влијание, дополнително добри се изгледите на светските пазари, во време на таканареченото „отворање на пазарот“. Значи ситуацијата е генерално добра, одлични се билансите, компаниите соопштија одлуки за добри дивиденди, а се разбира има влијание и инфлацијата. Парите на сметка во такви услови имаат се помала вредност, па затоа сега е време е тие пари да се врзат за добра инвестиција, вели Митев.


Додава дека акциите се ликвидни и дека и во земјава како и на светските берзи ситуацијата е доста стабилна.

Не очекувавме посилно влијание и од случувањата, кои всушност може и да не се големи политички турбуленции. Секако дури е стабилно на светските берзи, ќе биде стабилно и кај нас, вели Митев.

А.Т.

Слично

Поврзани вести