Оставката на Никола Груевски (НЕ)ИЗВЕСНА
Македонскиот премиер Никола Груевски најверојатно на 15 јануари нема да поднесе оставка доколку нема избори на 24 април како што е предвидено со Договорот од Пржино. Тој ќе се повлече од функцијата 100 дена пред изборите кога и тие да се одржат. Аргументот на владејачката партија е дека ако опозицијата бара пролонгирање на датумот за избори тоа ќе значи дека не се придржува до Документот што го потпишаа четворицата партиски лидери во резиденцијата на амбасадор на ЕУ .
Крај на неизвесноста дали ќе има или не избори во април ќе се знае по средбите на Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан кој во Скопје ќе допатува во петок .
Не треба во фокусот на проблемите да биде датумот на одржување на изборите, туку реализацијата на обврските кои ги превземаа партиите. Датумот може да се помести за неколку месеци но крајниот рок за нивно одржување би бил октомври . Спроведувањето на фер , демократски и слободни избори се од суштинска важност ако Македонија не сака да ја изгуби препорката за почетокот на преговори .
Лидерите не смееат да ја ризикуваат евопската иднина на земјата , во преден план треба да ги стават државните а не партиските интереси биле пораките од тројцата европараламентарци Кукан, Вајгл и Ховит.
Она што и понатмау останува енигма е кој би бил премиер на техничката Влада доколку во петок сепак премиерот Груевски ја депонира својата оставката .
Фактор: Вашето име се споменува како иден Мандатар на преодната Влада . Дали би прифатиле да бидете Премиер на Влада која ќе има обврска да го подготви теренот за спорведување на фер и демократски избори ?
Попоски: Не. Никој од актуелните функционери на партијата нема да биде Премиер. Во ВМРО-ДПМНЕ за ова имаме јасен партиски став.
Ова беше одговорот на шефот на дипломатијата и член на Извршниот комитет на владејачката партија Никола Попоски во интервју за Фактор кое го даде во ноември.
Дали од тогаш до денес размислувањата во ВМРО ДПМНЕ за тоа дали личноста за премиери треба да се бара во потесното раководство или Груевски ќе оди непартиски човек а сепак близок до него останува мистерија . Досега во јавноста како можни премиер на техничката Влада покрај министерот за надворешни работи Попоски се споменуваат имињата на: Антонио Милишоски, Зоран Јолевски , Владимир Пешевски, Зоран Ставревски .
Сепак премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ може да изненади со кадровското решение.
Горазд Чомовски
