Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАВКАТА КОНСТАТИРАНА: Ставрески повеќе не е министер за финансии

ОСТАВКАТА КОНСТАТИРАНА: Ставрески повеќе не е министер за финансии

И официјално Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Зоран Ставрески.

На седница пред пратениците ќе се најде изборот на нови членови на Владата: Кирил Миноски, за министер за финансии и Илија Исајловски, за заменик-министер за надворешни работи откако вчера беше најавена смена на актулената заменик-министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска.

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставревски вчера си поднесе оставка по 10 години, од кои три години како вицепремер а седум и како министер за финансии. Во официјалното образложение за оставката се наведуваат здравствени причини. Дали здравствените причини се само покритие на она за што сите зборуваа, дека нетрпеливоста меѓу него и Груевски веќе била голема.

“Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија“, вели Зоран Ставрески во оставката и додава:

“Ми беше задоволство да бидам дел од овој економски тим, кој со голем жар ентузијазам одготворност и посветеност работеше за Македонија и донесе резултати кои многу граѓани ги почувствуваа, тргнувајќи од сериозното намалување на невработеноста, значително подобрување на бизнис климата, високи растови на економијата и извозот, носењето на многу инвеститори и водењето здрави макроекономски и финансиски политики. Сето ова е остварено во исклучително тешки години на глобална финансиска криза, европска должничка криза, а еве речиси две години и домашна политичка криза“.

Од Владата, за оставката на Ставрески соопштија:

“Заради лични здравствени причини, вицепремиерот Ставревски поднесе оставка на функцијата министер за финансии и вицепремиер на Владата, причините се наведени во текстот на неговата оставка и ние тоа го разбираме и почитуваме. Владата истакнува огромна благодарност до вицепремиерот Ставревски за неговата работа, за ангажманот и придонесот кој тој го оствари во реализација на владините мерки, програми, и политики, за што сведочат неговите постигнати извонредни резултати. Му посакуваме пред се добро здравје, и надминување на предизвиците со кој се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој“.

Слично

Поврзани вести