Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставкa „падна“ откако се запали Домoт за стари лица во Тузла каде загинаа 12 луѓе

Оставкa „падна“ откако се запали Домoт за стари лица во Тузла каде загинаа 12 луѓе

Дванаесет луѓе загинаа во пожарот што зафати дел од зградата на Домот за стари лица во босанскиот град Тузла, додека над 30 лица побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар. Пожарот избувнал на седмиот кат од деветкатната зграда од причини кои сè уште не се јасни. Според извештаите, на катот биле сместени пациенти кои биле неподвижни и на кои им била потребна нега, некои со тешка деменција и канцер. 

Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ соопшти дека меѓу повредените има и пожарникари, полицајци, болничари и персонал во домот за стари лица. 

Директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, утрово поднесе оставка од својата позиција. Домот за стари лица во Тузла е изграден во 1980-тите години. Со години се даваа предупредувања за овој дом, но никој ништо не направил. Трагедијата е дополнително продлабочена од шокантниот факт дека најранливите корисници – лица со деменција и тешки форми на канцер – беа сместени на повисоките катови, каде што избувна пожарот.  Јавноста го поставува прашањето кој и врз основа на која логика ја донел одлуката да ги смести тешко болните лица на петтиот, шестиот и седмиот кат од зградата, што драстично ги намали нивните шанси за евакуација. Корисниците на домот и нивните семејства, како и некои политичари во Тузла, со години предупредуваат за лошите услови во Домот за пензионери, но властите останаа глуви. 

Слично

Поврзани вести