Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставка на Изаири и затварање на „Југохром“ бара движењето „Беса“

Оставка на Изаири и затварање на „Југохром“ бара движењето „Беса“

Континуираното загадување на воздухот во Тетово и непоставените филтри на фабриката  „Југохром“ денеска ги предзвика движењето „Беса“ да побара од  министерот за животна средина Изаири да поднесе оставка, а Владата да го принуди „Југохром“ да постави филтри или да се затвори.

„Состојбата со воздухот во Тетово веќе ја надмина секоја граница на нормалата. За споредба, ќе споменеме дека вториот најзагаден град на светот, градот Ахваз во Иран, достигнал ниво на загадување до 372 микрограми на супстанцата PM10, а во Тетово оваa супстанца достигналa рекордна шифра на 998 микрограми во метар кубeн, дозволеното ниво на ова супстанца треба да биде до 50 микрограми“, потенцираат од „Беса“.

Од „Беса“ истакнуваат дека Владата требало да ја затвори оваа фабрика  бидејќи така било одредено во договорот со истата која требало да обезбеди чиста средина со инсталирање на соодветни филтри.

Ја потсетуваме Владата дека со дозволувањето оваа фабрика да продолжи да ги труе граѓаните ги прекршува основните човекови права и  Уставот, велат од „Беса“.

Слично

Поврзани вести