Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАВКА: Кирил Јовановски се повлекува од Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје

ОСТАВКА: Кирил Јовановски се повлекува од Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје

Неизвршниот член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје Кирил Јовановски поднел оставка.

„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, известуваме дека на 13.02.2018 година г-динот Кирил Јовановски поднесе оставка од функцијата неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје“, соопштуваат од берза.

Имено, Јовановски беше именуван за вршител на должност неизвршен член на  Одборот на директори на Берзата во 2016-та.

Тогаш од Македонска берза соопштија дека поради поради постоење на непотполн состав на Одборот на директори, а со цел усогласување на составот на органот на управување со закон, на ден 28.07.2016 година, Одборот на директори на Берзата донел Одлука за именување на вршител на должност неизвршен член на  Одборот на директори на Берзата, согласно која за вршител на должност неизвршен член е именуван доц. д-р Кирил Јовановски.

На собранието на акционери на берзата одржано кон крајот на 2016 година господинот доц. д-р Кирил Јовановски беше избран за неизвршен член на Одборот на директори на Берзата.

Слично

Поврзани вести