Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставка ја тресе Дојче берза

Оставка ја тресе Дојче берза

Генералниот директор на Дојче берза, Карстен Кенгетер, кој е под истрага поради обвинувањата за инсајдерско тргување, заминува од функцијата прв човек на таа компанија.

Кенгетер го известил Надзорниот одбро дека ќе даде оставка на функцијата генерален директор како би и овозможил на компанијата повторно целосно да ја сконцентрира својата енергија на клиентите, работата и растот“, стои во соопштение на Дојче берза, пренесе АФП.

Компанијата додала дека Кенгетер не „сака тековната истрага дополнително да ја оптеретува Дојче берза“.

Надзорниот одбор ја прифатил одлуката „со желење“ и му се заблагодарил на Кенгетер на водењето на компанијата од 2015 година.

Деталите за тоа кој ќе го замени на таа функција ќе бидат објавени наскоро, штом биде донесена одлуката, наведуваат од Дојче берза.

Во фокус на истрагата е финансиска операција која ја извршил Кенгетер на 14 декември 2015 година кога купил акции од Дојче берза групата вредни околу 4,5 милиони евра.

Два месеци подоцна, во февруари 2016 година, Дојче берза и Лондонската берза ги откриле плановите за спојување, откако цените на нивните акции нагло скокнале.

Слично

Поврзани вести